Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Канада се воспоставени на 4 јули 1996г.
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Договор меѓу Република Македонија и Канада за социјално осигурување“ (договорот покрива само пензиско)
- Склучен во Отава на 26 август 2009 година.
- во сила од 01 ноември 2011 година
Договори преземени преку сукцесија
1. „Конвенција за уредување на меѓусебната помош во водење на постапки во граѓанските и трговските работи кои се во тек, или кои може да бидат во тек пред односните судски власти“, 1937 година;
2. „Трговска спогодба меѓу Владата на СФРЈ и Владата на Канада“ од 24 октомври 1973 година;
3. „Спогодба за филмска и видео копродукција меѓу СИВ на Собранието на СФРЈ и Владата на Канада“ од 11. 2. 1988 година;
4. „Спогодба меѓу СИС на СФРЈ и Владата на Канада за заштита на инвестициите“ од 21. 12. 1979 година;
5. „Спогодба за национализиран, експропиран, конфискуван и уништен имот“ од 23 декември 1948 година;
6. „Аранжман меѓу Сојузниот Комитет за земјоделство на СФРЈ и Министерството за земјоделство на Канада во областа на ветеринарството“ од 15. 11. 1984 година
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Договор помеѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји околу начинот за вработување на членови на семејства и дипломати, конзуларни и административни работници на служба во Канада, а реципрочно и за канадските во Република Македонија.“
- склучен со размена на ноти на 21.10.1999 година
2. „Меморандум за соработка меѓу министерствата за одбрана на Република Македонија и Канада“
- потпишан 2000 година
3. „Административна спогодба за спроведување на Договорот меѓу Република Македонија и Канада за социјално осигурување“
- Склученa во Отава на 26 август 2009 година.
4. „Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Канада за меѓувладини трансакции вклучувајќи набавка на безбедносна и сигурносна опрема, обуки и услуги“
- потпишан во Скопје на 16 мај 2018 година
5. „Декларација за стратешко партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Канада“
- потпишана во Брисел на 12 јули 2018 година