Во рамките на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија е формирано координативно тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со коронавирусот (COVID-19). Ги замолуваме сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:
075 27 37 32 (редовна линија, Viber, WhatsApp
)
071 25 34 30 (редовна линија, Viber, WhatsApp
)
072 30 68 45 (редовна линија, Viber, WhatsApp
)
075 44 66 47 (редовна линија)
Електронска пошта: [email protected]
Уште еднаш, апелираме, врз основа на официјалните мерки и препораки, сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.